ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА: Полицијата опколи куќа, маж држи жена внатре и тврди дека има оружје

ДРАМА: Полицијата опколи куќа, маж држи жена внатре и тврди дека има оружје

Драматична полициска операција се одвива во грчкиот град Никеја, каде маж се затворил во куќа заедно со својата сопруга и, според првичните информации, не ѝ дозволува да излезе.

Случајот се одвива во куќа на улицата „Софоклеус“, а грчките медиуми јавуваат дека станува збор за инцидент поврзан со семејно насилство.

На местото се распоредени полициски сили кои го обезбедуваат поширокиот простор и се обидуваат ситуацијата да ја разрешат безбедно.

Според досегашните информации, мажот тврди дека поседува оружје. Полицијата засега нема потврдено дали тој навистина е вооружен, поради што службите постапуваат со зголемена претпазливост.

Поради интервенцијата, сообраќајот во дел од околните улици е прекинат. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на жената.

Случајот сè уште е во тек и се очекуваат дополнителни информации од грчките власти.