ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Пронајдена дрога на повеќе локации - еве колку лица се уапсени!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Пронајдена дрога на повеќе локации - еве колку лица се уапсени!

Во текот на ноќта меѓу 12 и 13 септември, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода седум лица поради пронајдена дрога.

Станува збор за Б.Н. (41), В.Б. (57), И.Д. (40), Х.Б. (34), Л.Ј. (47) и Б.Ц. (18), сите од Скопје, како и Ј.О. (31), државјанин на Република Турција.

При преземените полициски мерки кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.