Голема полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува денеска во повеќе градови низ Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.
Во акцијата учествуваат полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал, а активностите се спроведуваат под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Според првичните информации од МВР, акцијата е насочена кон сузбивање кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Полициската операција сè уште е во тек, поради што засега не се соопштуваат детали за бројот на приведени лица, извршени претреси или евентуално запленета дрога.
Од МВР најавуваат дека по целосното завршување на акцијата ќе бидат објавени повеќе информации за преземените мерки и постигнатите резултати.








