Црногорската полиција уапсила 40-годишна жена поради сомнение дека се обидела да убие маж во угостителски објект во Тиват.
Според соопштението на полицијата, инцидентот се случил на 11 септември околу 23 часот во локал во населбата Калимањ. По кратка расправија, осомничената С.П. наводно со нож го прободела М.К. во пределот на градите.
Случајот првично бил пријавен како самоповредување. Кога полицијата пристигнала на местото, било кажано дека мажот самиот се повредил со нож, а таквата верзија првично ја потврдил и самиот повреден.
Сепак, во текот на понатамошната истрага и по преземените полициско-обвинителски дејствија, истражителите дошле до сомнение дека не станува збор за самоповредување, туку дека повредата му ја нанела 40-годишната жена.
Таа е лишена од слобода по налог на надлежниот обвинител и е осомничена за кривично дело убиство во обид. Со кривична пријава треба да биде спроведена во Вишото државно обвинителство во Подгорица.
Повредениот маж е хоспитализиран, а според информациите на полицијата, неговата здравствена состојба е стабилна.







