ПРВ.мк
Црна Хроника

ГО ПОПРАВАЛ АВТОМОБИЛОТ ВО ДВОРОТ, А ПОТОА СЛЕДУВАЛА ТРАГЕДИЈА: Маж загина под возилото!

ГО ПОПРАВАЛ АВТОМОБИЛОТ ВО ДВОРОТ, А ПОТОА СЛЕДУВАЛА ТРАГЕДИЈА: Маж загина под возилото!

Трагичен настан се случил во средата вечерта во Суња, Хрватска, каде 54-годишен маж го загубил животот додека поправал автомобил во дворот.

Според информациите од Полициската управа Сисак-Мославина, несреќата се случила околу 20 часот, во моментот кога мажот работел на возилото.

Автомобилот претходно бил подигнат со помош на кран, но во еден момент дошло до несреќа. Возилото се лизнало од кранот и паднало врз 54-годишниот маж, кој се наоѓал во непосредна близина.

Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот.

Полицијата веднаш излегла на терен и извршила увид за да се утврдат сите околности под кои дошло до несреќата.

Засега случајот се третира како несреќен настан со фатален исход. По целосното утврдување на фактите, полицијата ќе достави посебен извештај до надлежното државно обвинителство.

Трагичниот случај е уште едно предупредување дека работата со тешки возила и нивното подигнување носи сериозен ризик доколку дојде до поместување или откажување на опремата.