Хрватската полиција на автопатот А1 запленила речиси 14 килограми марихуана, откако во „мерцедес“ управуван од 26-годишен маж биле пронајдени две спортски торби полни со дрога.
Како што пишуваат хрватските медиуми, станува збор за 26-годишен фудбалер од Загреб, но неговиот идентитет полицијата официјално не го објавила.
Случајот се случил во вторникот попладне, на 22 септември, кога припадници на граничната полиција во Вргорац го запреле автомобилот на автопатот А1.
При контролата, полицајците забележале две спортски торби во багажникот, по што автомобилот бил пренесен во кругот на полициската станица. По добиена судска наредба била извршена детална претрага.
Во торбите биле пронајдени вкупно 20 пакувања со 13 килограми и 848 грама марихуана.
Според сомневањата на полицијата, дрогата била наменета за понатамошна нелегална продажба.
По завршувањето на криминалистичката истрага, 26-годишникот бил предаден на притворски надзорник, а против него е поднесена кривична пријава поради сомнение за неовластено производство и трговија со дрога.







