ПРВ.мк
Македонија

ИНСПЕКТОРИТЕ ОТКРИЈА НИЗА НЕПРАВИЛНОСТИ: Уништени 202 килограми сладолед и мраз

ИНСПЕКТОРИТЕ ОТКРИЈА НИЗА НЕПРАВИЛНОСТИ: Уништени 202 килограми сладолед и мраз

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на јули и август спровеле засилени контроли во објектите каде што се произведуваат и продаваат сладолед и мраз.

Во рамки на акцијата биле извршени вкупно 560 вонредни инспекциски контроли, при што биле откриени повеќе неправилности. Инспекторите издале 140 решенија за нивно отстранување, а биле изречени и 45 парични казни во вкупна вредност од 19.430 евра во денарска противвредност.

Како небезбедни биле уништени вкупно 202 литри, односно килограми сладолед и мраз.

Контролите покажале дека 17 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна, додека кај 64 не биле направени потребните анализи на сладоледот или мразот. Кај 20 оператори било утврдено несоодветно означување на производите, а тројца набавувале мраз од нерегистрирани добавувачи.

Дополнително, кај 10 оператори биле затекнати вработени без задолжителни здравствени прегледи, додека во пет објекти биле утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови.

Кај 19 оператори немало воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, ниту соодветни процедури за чистење на ледоматите. Четворица немале записи за следливост на производите, а кај еден оператор не биле спроведени задолжителните мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Од АХВ посочуваат дека контролите биле спроведени согласно Законот за безбедност на храната, во периодот кога потрошувачката на сладолед и мраз е најголема.