Четириесетгодишен жител на Вратница бил лишен од слобода откако, според пријавата, со стаклен предмет повредил 53-годишна жена, објави „Скопје1.мк“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 8 септември во 15:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го привеле М.М. (40) од селото Вратница.
Полицијата постапувала по претходна пријава од С.М. (53), која навела дека околу 14:20 часот, пред објект во селото Беловиште, 40-годишникот фрлил стаклен предмет кон неа и ја повредил.
При полициското постапување било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол.
Измерени му биле 2,73 промили алкохол во крвта.
М.М. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.







