Запорожје повторно беше мета на руски напади. Во текот на ноќта, Русија изврши најмалку шест удари со беспилотни летала врз овој украински регионален центар, предизвикувајќи пожари и значителна материјална штета.
Според гувернерот Иван Федоров, кој се огласи на Телеграм, дроновите погодиле индустриска постројка и дел од гаражен комплекс. „Избувнаа пожари и има оштетени нестанбени објекти“, потврди Федоров.
Информациите ги пренесе и украинската агенција Укринформ, додавајќи дека нема податоци за човечки жртви, но материјалната штета е значителна.
Овој напад е само уште еден во серијата интензивирани дронски напади што Русија ги спроведува врз украинските градови, при што се таргетираат и цивилни и индустриски цели. Жителите на Запорожје ја минаа ноќта во страв, додека пожарникарите се бореа со огнените јазици што се проширија по ударите.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.