Два последователни земјотреси ја вознемирија Албанија во текот на денешниот ден, со јачина од 4,1 и 4,0 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Првиот потрес е регистриран во 41,45° северна ширина и 19,69° источна должина, на длабочина од само 5 километри. Само две минути подоцна следел и вториот потрес, предизвикувајќи паника кај граѓаните.
Иако досега нема информации за материјални штети или повредени, надлежните служби остануваат во состојба на готовност и ги повикуваат граѓаните да останат смирени и информирани.
Сеизмичката активност била почувствувана и во соседните земји – Македонија и Црна Гора, особено во пограничните региони.