Голема тага ја потресе Гевгелија по веста за смртта на познатиот лекар Томислав Петков, човек кого многумина го опишуваат како симбол на хуманост, посветеност и човечност. Неговото заминување предизвика бројни реакции кај сограѓаните, колегите, пријателите и пациентите, кои со тага и почит се простуваат од докторот што оставил силен белег во заедницата.
Во текот на својата долгогодишна кариера, Петков бил препознатлив по својот пристап кон пациентите и подготвеноста секому да му помогне. За многумина, тој не бил само лекар, туку и човек кој секогаш знаел да сослуша, да даде совет и да пружи поддршка во најтешките моменти.
Социјалните мрежи денес се исполнети со пораки на сочувство, благодарност и спомени за неговата професионалност и добрина. Граѓаните споделуваат лични приказни и сеќавања, нагласувајќи дека зад себе оставил наследство кое долго ќе се памети.
Меѓу бројните пораки, се издвојува и објавата на Оливера Станковска која напиша:
„Нема некој на кој не му подаде рака! Во Гевгелија и секаде каде бараа помош од тебе. ТОМИСЛАВ ПЕТКОВ доктор и човек со срце и душа. Почивај во мир наш драг пријателе. Почит“
Гевгелија и пошироката јавност денес се простуваат од човек кого многумина го паметат како лекар со големо срце, чија хуманост и несебична помош ќе останат врежани во сеќавањата на бројни генерации.










