Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 21:15 часот полициски службеници од ОВР Свети Николе лишиле од слобода две лица – А.П. (25) од селото Горобинци и Д.Т. (30) од Свети Николе.
Според соопштението, по претходно издадена судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени прашкаста материја, шише со течност, како и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја.
Дополнително, и кај А.П., која била затекната на местото, била пронајдена и одземена прашкаста материја.
За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот се очекува поднесување на соодветни пријави против лицата.



















