ПРВ.мк
Црна Хроника

1,81 промили зад волан: Уапсен возач на товарно возило кај Велес

1,81 промили зад волан: Уапсен возач на товарно возило кај Велес

Полициски службеници денеска привеле 62-годишен возач од Прилеп кој на автопатот Велес – Скопје управувал товарно возило под дејство на алкохол и вршел вонгабаритен превоз без потребното одобрение.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, контролата била извршена околу 08:40 часот, кога било запрено товарно возило „Волво“ со прилепски регистарски ознаки.

При проверката било утврдено дека возачот превезувал работна машина – дигалка со ширина од 275 сантиметри, без одобрение за вонреден превоз. Дополнително, алкотестирањето покажало дека имал 1,81 промили алкохол.

Против К.З. (62) ќе бидат преземени законски мерки за безобѕирно управување со моторно возило, како и прекршочни санкции по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поради вршење вонгабаритен превоз без дозвола. Предвидена е и прекршочна постапка против правното лице и одговорното лице во компанијата.

Од МВР најавија дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел санкционирање на несовесните возачи и зголемување на безбедноста во сообраќајот.