Против 42-годишна жена од струшко село е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“, соопшти СВР Охрид.
Според информациите од полицијата, жената во вечерните часови на 8 кон 9 јуни ги оставила своите две малолетни деца да спијат во нејзиниот автомобил додека таа била на работа.
По координација со јавен обвинител, полициски службеници излегле на терен и на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга го пронашле паркираното возило, во кое децата спиеле без присуство на возрасно лице.
По преземените мерки и целосното документирање на случајот, ОВР Струга поднесе кривична пријава против жената по член 201 став 1 од Кривичниот законик, кој се однесува на запуштање и малтретирање на дете.
Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.






