Едно разбојништво и два обиди за разбојништво се случија синоќа во објекти на подрачјето на Бит Пазар, а СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 21.03.2026 околу 21:21 часот, во продажен објект на Бит Пазар, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот, З.В. (61).
Во 21:48 часот е пријавено дека во спортска обложувалница на истото подрачје, едно лице со закана со пиштол кон вработената одзело пари од дневниот промет.
Во 22:25 часот, во казино на Бит Пазар, едно лице со закана со пиштол кон вработената се обидело да го одземе прометот, но не успеало, по што се дало во бегство.
СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителот.


















