ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРКА СО ВРЕМЕТО: Исчезнаа двајца мажи, празен чамец кружел по реката! - Ова се деталите

ТРКА СО ВРЕМЕТО: Исчезнаа двајца мажи, празен чамец кружел по реката! - Ова се деталите

Вистинска драма се одвива кај Сента, откако двајца мажи исчезнале во водите на реката Тиса, а спасувачките екипи интензивно трагаат по нив. Според првичните информации, постои стравување дека завршиле во реката и се удавиле.

Инцидентот се случил во близина на викенд-населбата Халаш Чарда, каде што двајцата пловеле со моторен чамец. Околу 19 часот очевидци забележале необична сцена – чамецот кружел сам по реката со вклучен мотор, без никој во него.

Набргу било утврдено дека сопственикот на чамецот и негов придружник исчезнале. Според неофицијални информации, еден од нив не знаел да плива, што дополнително ја зголемува загриженоста за нивната судбина.

Истражителите разгледуваат неколку можни сценарија. Се претпоставува дека мажите можеби испаднале од чамецот при нагол маневар или по удар во гранка или друга препрека во водата. Откако останал без контрола, моторот продолжил да работи, а пловилото почнало да кружи по реката.

Во потрагата се вклучени надлежните служби, а акцијата продолжува со надеж дека ќе се разјаснат околностите на несреќата и ќе се пронајдат исчезнатите лица.