Велосипедист од кичевското село Другово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Охрид–Кичево.
Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила на 19 јуни околу 21:30 часот во близина на селото Другово. Товарно моторно возило „Ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 31-годишен возач од Кичево, при разминување удрило во велосипед управуван од 52-годишен жител на селото.
По силниот удар, велосипедистот се здобил со тешки повреди и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде што му била укажана лекарска помош.
Надлежните служби извршиле увид на местото на несреќата по насока на јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до судирот.
Патот во тој дел бил кратко време отежнат за сообраќај додека траел увидот.






