Тешка трагедија се случила во селото Шкријеље кај Тутин, каде животот го загубил 17-годишниот С.Е. од Нови Пазар.
Според информациите на српските медиуми, несреќата се случила додека тинејџерот престојувал кај својот дедо. Во еден момент тој чистел ловечка пушка, кога оружјето од засега непознати причини испукало.
Момчето се здобило со смртоносни повреди и починало на лице место.
Насстраданиот бил член на локална ловечка заедница, а надлежните органи работат на утврдување на сите околности под кои дошло до трагичниот настан.







