ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВИ ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГАТА:: Обдукцијата потврди морничави детали на жената во Гостивар - еве што се и правеле!

НОВИ ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГАТА:: Обдукцијата потврди морничави детали на жената во Гостивар - еве што се и правеле!
Kristal

Од Јавното обвинителство информираат дека е завршена обдукцијата на починатата жена и дека, според првичните наоди, таа е лишена од живот со огнено оружје, објави 4NEWS.mk.

Од Обвинителството соопштуваат дека по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е вештачење на траги подигнати од повеќе локации поврзани со случајот. Паралелно со тоа, се спроведуваат претреси и се преземаат други истражни дејствија со цел целосно расветлување на околностите под кои е извршено кривичното дело.

Во рамки на истрагата, краткотрајниот притвор за осомниченото лице е продолжен за дополнителни 48 часа. Јавниот обвинител, исто така, до надлежниот суд доставил предлог за определување 48-часовен притвор и за второто лице, кое вчера било задржано во полициска станица во врска со истиот случај.

Претходно, јавен обвинител во текот на ноќта извршил увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде што било пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице, закопано во дупка. Увидот бил извршен во координација со полициски екипи и стручни служби, по што телото било предадено на обдукција.

Истражните органи продолжуваат со интензивна работа на случајот, при што се очекуваат дополнителни информации по завршување на вештачењата и другите истражни активности.

FixCredit
Escape