ПРВ.мк
Црна Хроника

ФОТО: Три лица уапсени во Кочани и кочанско, пронајдена дрога во возила и домови

ФОТО: Три лица уапсени во Кочани и кочанско, пронајдена дрога во возила и домови

На 18 август 2025 година, во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. При контрола на лице место, во „Индустриска зона“ во Кочани, кај него и во неговото возило „БМВ“ со кочански регистарски ознаки биле пронајдени и одземени марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени дополнителни количини марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Подоцна, истата вечер, на 18 август во 22:00 часот во Грдовци, кочанско, полицијата ги лишила од слобода Г.П.(32) и А.А.(29), двајцата од Виница. При контрола на патничко возило „Фолксваген Голф“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.П., сопатникот А.А. фрлил пакување со марихуана кое било пронајдено и одземено. Во возилото исто така биле откриени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.

Лицата биле задржани во полициската станица, а во координација со јавен обвинител бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави за сторените кривични дела.

Escape