ПРВ.мк
Црна Хроника

Падна осомничен за неколку тешки злосторства – акција на македонската, албанската полиција и ДСС

Падна осомничен за неколку тешки злосторства – акција на македонската, албанската полиција и ДСС

Во заедничка меѓународна полициска акција во Драч, Албанија, приведени се две лица кои се поврзуваат со организираната криминална група „Беланоца“, а едниот од нив е осомничен и за убиството на офицер на АРМ во Батинци.

Според информациите што ги објави Министерството за внатрешни работи, уапсени се М.Џ. (26), роден во Скопје, и С.Н. (34), роден во Норвешка. За двајцата Интерпол имал распишано меѓународни потерници за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои убиство, обид за убиство, тешка телесна повреда, недозволено поседување и тргување со оружје и злосторничко здружување.

Според медиумски информации, 26-годишниот Муса Џавит се сомничи дека е вмешан во убиството на офицерот на АРМ во Батинци во 2025 година, како и во вооружен напад врз возило во истото село една година претходно, при што едно лице загина, а друго беше тешко повредено.

При приведувањето, кај осомничените биле пронајдени фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја избегнат правдата.

Од МВР соопштија дека акцијата е резултат на повеќемесечна соработка меѓу македонската полиција, албанските безбедносни служби и Американската дипломатска безбедносна служба (DSS). Надлежните институции продолжуваат со постапката за нивна екстрадиција и натамошно процесуирање.