ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН СЛУЧАЈ: Уапсена мајка која го фрлила новороденчето во контејнер

СТРАШЕН СЛУЧАЈ: Уапсена мајка која го фрлила новороденчето во контејнер

По речиси осум години истрага, американската полиција уапси жена од сојузната држава Конектикат, која е осомничена дека го убила своето штотуку родено бебе и го оставила во контејнер за отпад.

Според обвинението, телото на новороденото момче било пронајдено во октомври 2018 година во центар за собирање отпад во градот Стамфорд, откако таму било донесено со камион за собирање смет. Подоцнежната истрага утврдила дека детето било усмртено во градот Данбери, оддалечен околу 48 километри.

Осомничената Доминик Харисон беше приведена на 18 јуни, но засега не е соопштено како истражителите успеале да ја идентификуваат и зошто биле потребни осум години за да дојдат до неа.

Обвинителството тврди дека жената намерно го оставила здравото новороденче во контејнер на изолирано место, каде што немало никаква можност некој да го пронајде и да му помогне.

Обвинителката Мери Кејтлин Хардинг изјави дека доказите со кои располага обвинителството ќе покажат дека осомничената е одговорна за смртта на своето новородено дете. Случајот сега продолжува пред надлежниот суд.