ПРВ.мк
Црна Хроника

ДВАЈЦА ВЕЛЕШАНИ ФАТЕНИ ПОРАДИ КРАЖБА: Украле накит од 73-годишна жена!

ДВАЈЦА ВЕЛЕШАНИ ФАТЕНИ ПОРАДИ КРАЖБА: Украле накит од 73-годишна жена!

Две лица од Велес се лишени од слобода поради сомнение дека биле инволвирани во кражба од домот на 73-годишна велешанка, информира Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за Е.А. (35) и Н.Н. (36), двајцата од Велес, кои биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес на 22 и 23 август.

Според пријавеното до полицијата, двајцата се осомничени дека влегле во домот на 73-годишната жена и одзеле накит.

Засега од МВР не се соопштуваат дополнителни детали за тоа како била извршена кражбата, ниту колкава е вредноста на одземениот накит. Надлежните органи продолжуваат со преземање мерки за целосно утврдување на сите околности поврзани со случајот.

За настанот бил известен и јавен обвинител.

Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

И во овој случај станува збор за сомнение, а конечната одговорност на лицата ќе биде утврдена во понатамошната постапка пред надлежните институции.