ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ЗЕЛЕНИКОВО – По расправија му ги прегазил стапалата со автомобил, тројца приведени

ДРАМА ВО ЗЕЛЕНИКОВО – По расправија му ги прегазил стапалата со автомобил, тројца приведени

Тројца жители на Зелениково се приведени по серија меѓусебни инциденти во кои, според пријавите во полицијата, имало закани со остар и стаклен предмет, оштетување на возило и прегазување на стапала со автомобил.

Како што информира МВР, на 12 август во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Н.(37), В.Д.(46) и А.Д.(21), сите од Зелениково.

Според пријавата на А.Н., на 11 август околу 21 часот, В.Д. и А.Д. му се заканувале со остар предмет, по што му го оштетиле возилото. Во истиот инцидент А.Н. се здобил и со повреди.

Околу два часа подоцна следувала и пријава од В.Д. Тој навел дека околу 23 часот А.Н. му се заканувал со стаклен предмет, а потоа со патничко возило му ги прегазил стапалата.

Од МВР соопштија дека случајот се документира и дека по целосното негово расчистување ќе биде поднесен соодветен поднесок