Шеесет и петгодишен работник од Скопје го загубил животот во трагичен инцидент што се случил вчера во кругот на фирма на подрачјето на скопската општина Аеродром.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, околу 12:25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во кругот на фирмата има починато лице.
Според пријавеното, В.Н.(65) од Скопје, додека извршувал работни задачи, бил прегазен од виљушкар кој претходно сам се придвижил.
На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје, а за случајот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.
Надлежните институции треба дополнително да ги утврдат сите околности под кои дошло до трагичниот настан.






