Дваесет и четиригодишен жител на Тетово бил лишен од слобода по инцидент во угостителски објект во градот.
Според информациите од полицијата, на 9 јуни околу 22:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле М.С. (24) од Тетово.
Претходно, околу 20:45 часот, тој во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон присутните лица.
По добиената пријава, полицијата интервенирала и го лишила од слобода осомничениот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






