На 25 април 2026 година околу 12:30 часот во Охрид бил пријавен пожар во сендвичара лоцирана на улицата „Кеј Македонија“.
Во пожарот со изгореници се здобиле двајца вработени – 39-годишно лице од Охрид и 30-годишно лице од Битола. Тие биле пренесени со возило на Итна медицинска помош во Медицински центар Охрид, каде им била укажана лекарска помош.
Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за настанот.






