ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма на аеродром: Приватен авион се запали при слетување, летовите веднаш прекинати

Драма на аеродром: Приватен авион се запали при слетување, летовите веднаш прекинати

Приватен деловен авион доживеал несреќа при слетување на меѓународниот аеродром во Мисрата, Либија, по што во леталото избувнал пожар.

Според информациите што ги пренесуваат турските медиуми, по инцидентот сообраќајот на аеродромот бил привремено прекинат.

Авионот полетал од истанбулскиот аеродром „Ататурк“ во 05:45 часот и во Либија требало да преземе патници. Во моментот на несреќата во леталото немало патници, туку само тричлен екипаж составен од двајца пилоти и една стјуардеса.

Засега нема официјални информации за здравствената состојба на членовите на екипажот, ниту е соопштено што точно довело до несреќата и пожарот.

Турските медиуми објавуваат дека приватниот авион е во сопственост на турскиот бизнисмен Хамди Акин, претседател на „Акфен холдинг“.

Се очекува надлежните служби да објават дополнителни информации по истрагата за причините и околностите под кои се случил инцидентот.