ПРВ.мк
Црна Хроника

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА - Еве какви казни ќе добијат лицата кои ги попречуваа вработените во АХВ да ги заловат кравите во Крива Паланка!

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА - Еве какви казни ќе добијат лицата кои ги попречуваа вработените во АХВ да ги заловат кравите во Крива Паланка!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Крива Паланка поднесе кривична пријава против 58-годишниот Г.Ѓ. и 17-годишник, двајцата од местото, поради сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Инцидентите се случиле на 4 март 2026 година, кога во населбата Баглак и во село Кошари, пријавените со физичка сила и закани го попречувале персоналот на Агенција за храна и ветеринарство Скопје за заловување, товарење и транспорт на крави.

Според надлежните, овие постапки претставуваат сериозно попречување на службените активности, а случајот е предаден на понатамошно постапување од страна на обвинителството.