Злогласниот сериски убиец Тед Банди е прогласен за одговорен, врз основа на ДНК докази, за убиството на уште една жртва - седумнаесетгодишната девојка Мелиса Смит од Јута, која исчезна во 1974 година, пред њеното голо тело да биде пронајдено неколку дена подоцна, соопштија државните власти на прес-конференција.
Помакот во истрагата за смртта на Мелиса Ен Смит доаѓа месеци откако во април детективските окрузи во Јута потврдија дека Банди во 1974 година ја убил уште една девојка од Јута, седумнаесетгодишната Лора Ен Ејм.
Тед Банди го призна убиството на Лора во низа признанија што ги даде пред да биде погубен во 1989 година поради две негови убиства.
Лора последен пат беше видена за време на прославата на Ноќта на вештерките, пред кон крајот на ноември 1974 година да биде пронајдена мртва и брутално претепана. Меѓутоа, дури оваа година новото ДНК тестирање ја потврди верзијата на настаните на Банди.
Телесните течности изолирани од телото на Лора се поклопуваа со познатиот ДНК профил на Банди, соопштија тогаш органите за спроведување на законот. Тоа откритие го поттикна решавањето на истрагата за убиството на Мелиса Смит. Y-STR ДНК профилот изолиран од телото на Лора генетски се поклопи со профилот пронајден на телото на Мелиса.
- Овој случај ја покажува важноста од зачувувањето на доказите, дури и кога ќе поминат децении. Имаме можност постојано одново да ги преиспитуваме овие случаи - изјави во вторник шефот на округот Солт Лејк, Рози Ривера.
Децении по погубувањето, списокот на жртви продолжува да расте
Меѓу 1974 и 1978 година, Банди изведе крвав пир, сексуално злоставувајќи и убивајќи најмалку 30 жени ширум американскиот Запад и Флорида.
- Гласовите и драгите спомени на Мелиса Ен Смит и Лора Ен Ејм, како и на другите вклучени во овие случаи, одѕвонуваат погласно од омразата и злото на оној што им ги одзеде животите.
- Нека со секое затворање на случајот го избришеме сеќавањето на Тед Банди - изјави во вторник Мајк Рејнолдс, наредник во канцеларијата на шефот на округот Јута.
Бранот на насилство на Банди траеше најмалку четири години и зад себе остави десетици жртви, вклучувајќи најмалку 30 убиени жени и девојки - како и неколку оние што успеаја да избегаат или да преживеат и покрај тешките повреди.
Иако серискиот убиец е мртов веќе скоро 40 години, бројот на неговите потврдени жртви продолжува да расте со напредокот на ДНК тестирањето. Во Јута, шефот на округот Самит, Кејси Бејтс, соопшти во вторник дека органите на редот ја идентификувале седумнаесетгодишната Мелиса Ен Смит како една од жртвите на Банди, неколку месеци откако соседниот округ го искористи ДНК-то на убиецот за да реши уште еден стар нерешен случај.
Банди е еден од најмасовните сериски убијци во историјата на Соединетите Американски Држави - макар што други веројатно имаа поголем вкупен број жртви, вклучувајќи го Гари Риџвеј, кој призна убиство на 49 луѓе; Самјуел Литл, кој уби повеќе од 60; и Доналд Харви, кој призна вина за убиство на 37 луѓе.
Банди привлече огромна фасцинација кај јавноста, делумно затоа што многумина на судењето во 1979 година го сметаа за шармантен и привлечен.
Мета му беа млади жени и девојки
Не е познато кога точно Банди почнал со нападите, но убиствата што се поврзуваат со него започнаа во сојузната држава Вашингтон во 1974 година. Израснал во Такома во Вашингтон, а многу од неговите најрани познати насилни злосторства се случија во околината на Сиетл.
Осумнаесетгодишна студентка на Универзитетот во Вашингтон спиеше во својата куќа близу кампусот во Сиетл во јануари 1974 година кога некој провали и ја нападна, нанесувајќи ѝ фрактура на черепот. Преживее, но со трајни последици. Се веруваше дека Банди е одговорен за ова злосторство, кое се вклопуваше во образецот што го применуваше во подоцнежните години: често провалуваше во домови на млади жени, ги претепуваше и сексуално ги злоставуваше, а потоа ги оставаше да умрат или ги фрлаше нивните тела на други места.
Следниот месец, Линда Ен Хили, уште една студентка на Универзитетот во Вашингтон, исчезна од својот дом. Мал траг од крв беше пронајден на нејзината постелнина, а нејзините останки беа пронајдени следната година на планината Тејлор, зафрлено подрачје надвор од соседниот град. На истото место беа пронајдени и останките на некои други жртви на Банди.
Во текот на следните неколку месеци, беа киднапирани и други жени од сојузните држави Вашингтон и Орегон. Во некои случаи, сведоци виделе жени како разговараат со маж кој носел завој (мидела) за рака.
До октомври и тинејџерките во Јута почнаа да исчезнуваат. Телото на Мелиса Смит беше пронајдено на обронкот во Самит Парк во Јута, а главата ѝ беше згмечена со ломка (пајсер).
Осумнаесетгодишната Керол Даронч Банди ја киднапира претставувајќи се како полицаец кој истражува провали во автомобили. Меѓутоа, таа преживеа така што искочи од неговиот автомобил откако тој се обиде да ѝ стави лисици. Сведочењето на Керол Даронч подоцна ќе биде пресудно за испраќањето на Банди зад решетки.
Банди продолжува со убиствата во текот на следната година во Јута, Колорадо и Ајдахо.
Два пати им побегна на органите на редот
Банди за прв пат беше уапсен во врска со исчезнувањата во август 1975 година, кога полицијата го застана и во неговото возило пронајде сомнителни предмети, вклучувајќи јаже, лисици и скијачка маска (фантомка).
Следната година е прогласен за виновен за киднапирање и напад на Керол Даронч. Банди беше осуден на 15 години затвор за тоа злосторство, а додека ја служеше казната, беше обвинет и за поранешната смрт на една студентка по медицинска нега.
Беше донесен во Аспен во Колорадо на рочиште во тој случај во 1977 година, од каде што побегна скокајќи низ прозорецот на вториот кат од зградата на судот. Беше фатен околу една недела подоцна, но повторно побегна шест месеци подоцна пробивајќи го плафонот на затворската ќелија.
Тој пат Банди пребега на друг крај од земјата, стасувајќи на крајот до Талахаси на Флорида. На 15 јануари 1978 година влезе во куќата на сестринството „Чи Омега“ на Државниот универзитет на Флорида, каде што со голема гранка на смрт претепа две жени, додека уште две тешко повредува. Потоа замина во друга куќа во близина, нанесувајќи тешки повреди на уште една жена која спиеше.
Помалку од еден месец подоцна, киднапира, сексуално злоупотреби и уби дванаесетгодишна девојка во Лејк Сити на Флорида. Кимберли Лич се сметаше за негова последна жртва: Банди беше уапсен кога полицијата го застана во Пенсакола додека вози украдено возило.
Сматран за привлечен шармер
Случајот на Банди и неговото самоуверено држање на судот привлекоа огромно внимание од јавноста за време на судењето во 1979 година за убиствата во куќата на сестринството „Чи Омега“.
- Не знам што е тоа во него, но едноставно фасцинира. Впечатлив е. Едноставно има некаков магнетизам - изјави една тинејџерка од публиката за репортерот на агенцијата Асошиејтед прес кој го пратеше судењето.
Дури и судијата Едвард Кауарт кој го водеше судењето изјави дека Банди е „бистар млад човек“ кој би бил добар адвокат. Меѓутоа, судијата исто така го препозна како стравично насилен убиец и го осуди на смрт поради „крајно овристо, шокантно зли и подли“ злосторства.
Банди беше погубен на 24 јануари 1989 година на електрична столица на Флорида. Во своите последни денови изнесе низа признанија, вклучувајќи и некои злосторства кои на полицијата претходно не ѝ беа познати. Сите тие случаи не се потврдени.
Современата форензика ги затвори случаите на Лора Ејм и Мелиса Смит
Во април органите на редот во Јута објавија дека искористиле ново ДНК тестирање за да потврдат дека Банди пред повеќе од 50 години ја убил и седумнаесетгодишната Лора Ен Ејм.
Лора Ен Ејм исчезна во Јута во ноќта на Ноќта на вештерките во 1974 година, а нејзиното тело беше пронајдено еден месец подоцна покрај автопатот. Властите веруваа дека била држена во живот неколку дена по киднапирањето.
Банди долго време беше осомничен, но за време на неговиот живот немаше доволно докази за подигнување на обвинение. Доказите од случајот беа внимателно чувани, а напредокот во форезичката ДНК технологија на крајот им овозможи на истражителите да изолираат ДНК профил што се поклопи со Банди и официјално да го затворат случајот на Лора Ен Ејм.
Властите наведоа дека истиот тој ДНК профил потоа бил проследен до канцеларијата на шефот на округот Самит, каде што детективите успеаја да потврдат дека профилот се поклопува со доказите пронајдени на телото на Мелиса Смит.







