Трагедија во Дојран го потресе целиот југ на Македонија. 53-годишниот Никола Тимев, познат меѓу мештаните како Мамли, почина по свирепа тепачка во селото Сретеново, во која негов пријател го нападнал со метална шипка.
Според првичните информации, инцидентот започнал како расправија, но за кратко време прераснал во брутален напад. Осомничениот, кој му бил близок пријател, половина час немилосрдно го удирал Никола по главата и телото, оставајќи го со тешки повреди и бројни скршеници.
Никола бил пренесен во болницата во Гевгелија, каде подоцна им подлегнал на повредите поради обилно крварење.
Дојранчани се збогуваат со својот сограѓанин со потресни пораки на социјалните мрежи: „Почивај во мир, Мамли 🙏🏻 Каков и да беше, никој не заслужува таква смрт,“ пишуваат неговите пријатели и соседи.
ОЈО Гевгелија денес соопшти дека е отворена истрага за кривично дело „убиство“, а за осомничениот е побаран притвор, за да не влијае врз сведоците во текот на истрагата.
Мирниот град Дојран е во неверување, а жителите велат дека ваква свирепост меѓу пријатели одамна не се памети во нивниот крај.














