Надлежните институции постапуваат по сериозен случај во Демир Хисар, откако против 57-годишен жител на демирхисарско село е поднесена кривична пријава поради сомнение за сексуален напад.
Според информациите, настанот се случил во близина на Градскиот пазар во Демир Хисар, каде осомничениот, идентификуван со иницијалите К.Р., наводно извршил полово дејствие врз 22-годишна девојка од Демир Хисар, за која е наведено дека има здравствени проблеми.
Случајот бил пријавен вчера попладне во СВР Битола, по што полицијата започнала со преземање на сите неопходни мерки за целосно расчистување на настанот и собирање на доказите.
Од полицијата информираат дека истрагата е во тек, а по нејзиното завршување ќе бидат преземени сите понатамошни законски дејствија во согласност со утврдените факти.








