ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагичен настан на регионалниот пат Валандово - Дојран: Има починати и повредени!

Трагичен настан на регионалниот пат  Валандово - Дојран: Има починати и повредени!
Kristal

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 19 ноември 2025 година, околу 04:20 часот, се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Валандово – Дојран. Жена мигрантка од Кина го загубила животот на местото на настанот, според наодот на лекар од Итна помош.

Во несреќата учествувал камион „Мерцедес“ со полуприколка и српски регистарски ознаки, управуван од С.М. (52) од Србија, кој излетал од патот.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е испратено на обдукција. Во несреќата повредени се уште седум други кинески мигранти, а возачот добил лекарска помош во Јавната здравствена установа Гевгелија.

Полицијата од Гевгелија извршила увид на местото на настанот во присуство на јавен обвинител, а истрагата продолжува за утврдување на причините за трагедијата.

Escape