ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицаец сам се застрела среде интервенција!

Полицаец сам се застрела среде интервенција!

Драма на граничниот појас кај селото Спас во Дебарскиот регион – полициски службеник заврши повреден откако по несреќен случај сам се застрелал во ногата за време на акција за спречување на криумчарење на жив добиток.

Инцидентот се случил на 10 октомври 2025 година околу 22 часот, кога екипа од Полициската станица за граничен премин и надзор Блато забележала неколку лица кои се обидувале да пренесат добиток преку границата со Албанија. При обид да ги запрат, еден од полициските службеници испукал неколку предупредувачки куршуми во воздух, по што осомничените побегнале, оставајќи го добитокот зад себе.

Во моментот кога полицаецот го враќал службениот пиштол во футролата, оружјето се активирало и тој се самоповредил во ногата.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на местото на настанот бил извршен увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Полицискиот службеник е пренесен во болница и надвор од животна опасност.

Escape