Во време кога младите низ светот се двоумат дали да стапат во брак, Јужна Кореја најде неочекуван начин да го реши проблемот – со готовина! Владата таму реши да ги мотивира граѓаните со парични бонуси до 14.700 евра за секој што ќе се венча.
Најдарежливата програма доаѓа од градот Бусан, каде што младите брачни парови добиваат до 20 милиони вони како награда за склучен брак. Освен тоа, државата дава и пари за состанување, свршувачка и меден месец – од неколку стотици до неколку илјади евра.
Од следната година, и главниот град Сеул ќе им доделува по 1 милион вони на сите кои ќе го регистрираат својот брак, како почетен фонд за заеднички живот. Помалите градови, пак, нудат грантови до 10 милиони вони за парови што ќе се венчаат и ќе се населат таму.
Причината за оваа драстична мерка е драматичниот пад на стапката на бракови – најнизок во историјата на земјата. Многу млади избегнуваат брак поради високи животни трошоци и стрес, па државата одлучи да стане „новиот Купидон со банкарска сметка“.
Иако некои ја критикуваат идејата дека љубовта не треба да има цена, многумина сметаат дека ако парите можат да помогнат љубовта да победи – тогаш тоа е најдобро потрошената инвестиција.
Во Јужна Кореја, бракот повеќе не е само романтична одлука, туку и економски потег што се исплати.