На 5 септември 2025 година, во 20:50 часот, на Граничниот премин Табановце, турскиот државјанин К.М.М. (20) бил приведен при влез во државата.
При контрола на патничко возило „Дачија“ со скопски регистарски ознаки, кое го користел, полицијата пронашла марихуана. Одземениот наркотик бил обезбеден, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.