Денеска (06.09.2025), полициски службеници од СВР Скопје интервенираа во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Чаир, каде што три машки лица насилно се обиделе да извршат разбојништво. Инцидентот бил пријавен во 04:52 часот, по што веднаш биле преземени мерки од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар.
Откако осомничените ги забележале полициските службеници, се обиделе да побегнат. За време на потерата, еден полициски службеник испукал предупредувачки истрел во воздух. Како резултат на акцијата, А.Х. (23) и Е.А. (19) биле лишени од слобода, додека за третото лице се преземаат мерки за пронаоѓање.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци против осомничените.