Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе пушти во употреба нов дел од долгоочекуваниот автопат Кичево-Охрид, кој се гради повеќе од една декада. Настанот ќе се одржи кај клучката кај охридскиот аеродром со почеток во 11 часот.
Ова е продолжение на проектот каде претходно во јули беа отворени првите 20 километри од потегот Врбјани–Ботун. Мицкоски и други владини претставници редовно вршат увид на градежните активности, а граѓаните со нетрпение го очекуваат завршувањето на автопатот кој ќе ги поврзе Кичево и Охрид и ќе го олесни сообраќајот и транспортот во регионот.