Во скопското село Бардовци вчера попладне се случи необичен и вознемирувачки инцидент. Според информациите од полицијата, двајца малолетници физички нападнале трето дете. Настанот бил пријавен од таткото на нападнатото дете, М.М. (47) од Скопје.
Но приказната не завршила тука. По пријавата, таткото добил закани од вујкото на едно од децата кои учествувале во тепачката. Дополнително, мајката на едно од малолетниците поднела пријава против него, тврдејќи дека го качил нејзиниот 11-годишен син во автомобил и таму физички го нападнал.
Полицијата во моментов работи на расчистување на целиот настан и утврдување на точниот тек на случувањата, бидејќи пријавите доаѓаат од повеќе страни и се меѓусебно спротивставени.
Случајот предизвика големо внимание поради сериозноста на конфликтот меѓу деца и возрасни и можната ескалација на насилството.





