На 22 август 2025 година, во 22:55 часот, 41-годишниот скопјанец М.Д. пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 18:40 часот бил жртва на жесток напад на подрачјето на општина Аеродром.
Според неговата изјава, три непознати лица со употреба на физичка сила го извлекле и насилно го внеле во едно казино, каде што продолжиле да го удираат и да му нанесуваат телесни повреди.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека веднаш се преземени мерки и активности за расветлување на целиот настан и идентификување на напаѓачите.