ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во центарот на градот: Жена загина по пад од тераса

Драма во центарот на градот: Жена загина по пад од тераса

Трагичен настан се случил синоќа во центарот на Параќин, каде 68-годишна жена го загубила животот по пад од тераса на станбена зграда.

Според неофицијални информации, на жената ѝ се слошило во нејзиниот стан, по што излегла на терасата за да земе свеж воздух. Набргу потоа изгубила рамнотежа и паднала од височина на бетонска површина.

На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, полицијата и противпожарната служба, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Надлежните служби извршиле увид, а точните околности и причината за трагедијата дополнително ќе се утврдуваат во рамки на истрагата.