ПРВ.мк
Црна Хроника

ПЛАМЕНИТЕ ЈАЗИЦИ СЕ ПРИБЛИЖУВААТ ДО КУЌИТЕ – Голема битка со пожарот во Богомила

ПЛАМЕНИТЕ ЈАЗИЦИ СЕ ПРИБЛИЖУВААТ ДО КУЌИТЕ – Голема битка со пожарот во Богомила

Повеќе од 30 пожари се активни низ Македонија, а особено сериозна е состојбата во централниот дел од земјата, каде противпожарните екипи се борат со повеќе жаришта.

Едно од најкритичните подрачја е во Општина Чашка, каде голем пожар го зафатил атарот на селото Богомила.

Според објавените информации, огнот се проширил на големи површини со мешана шума и тешко пристапен терен. На одредени места пламените јазици се приближиле и во близина на куќите, поради што екипите се обидуваат да спречат понатамошно ширење кон населеното место.

На терен се ангажирани локални пожарникари, вработени во јавните претпријатија и жители од околните населени места.

Поради непристапниот терен и размерите на пожарот, побарано е и вклучување на воздухопловни сили со специјализирани летала за гаснење од воздух.

Од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување апелираат граѓаните да бидат максимално внимателни.

Високите температури, сувата вегетација и ветерот дополнително го зголемуваат ризикот од брзо ширење на постојните пожари и појава на нови жаришта.