Велешката полиција доцна синоќа приведе 30-годишен жител на село Долно Караслари, откако бил затекнат како управува автомобил и покрај тоа што му била изречена мерка забрана за возење.
Според информациите, на 14 февруари 2026 година во 23:25 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле сообраќајна контрола на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес. При контролата било сопрено патничко возило „ауди“ со велешки регистарски таблички, кое го управувал Б.М. (30).
По извршената проверка било утврдено дека возачот седнал зад воланот и покрај тоа што му била впишана заштитна мерка – забрана за управување моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















