ПРВ.мк
Македонија

ВНИМАТЕЛНО ВОЗАЧИ: Се препорачува претпазливост и следење на сигнализацијата на овие патни правци!

ВНИМАТЕЛНО ВОЗАЧИ: Се препорачува претпазливост и следење на сигнализацијата на овие патни правци!
Kristal

На патниот правец Кичево – Гостивар утринава, поради голем одрон кај село Колари, од 7:00 часот е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, соопшти Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат.

Поради истиот одрон, сообраќајот од 5:40 часот беше во целосен прекин, а на патниот правец село Лисец – Попова Шапка од 5:45 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси.

АМСМ известува дека на државните патишта се соочуваме со зимски услови, претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Возачите се советуваат да ја прилагодат брзината на условите на патот, да го почитуваат поставеното сообраќајно сигнализациско знаење и внимателно да управуваат, особено во котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од нови одрони. Особено внимание се советува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Се потсетува дека е во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo