ПРВ.мк
Топ Вести

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните - еве кој ден во месецот!

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните - еве кој ден во месецот!
Kristal

Уставен суд на Република Северна Македонија по повод 62-годишнината од својата прва седница одржана на 15 февруари 1964 година, најави нова иницијатива насочена кон директна комуникација со јавноста. Институцијата ги повикува граѓаните да присуствуваат на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски, кои ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот.

Според соопштението од прес-службата на Судот, целта на овие средби е работата на институцијата да се доближи до граѓаните, да се зголеми информираноста за уставно загарантираните права и слободи, како и да се објасни постапката за правилно поднесување иницијативи и други поднесоци.

Од Судот посочуваат дека овие отворени денови ќе им овозможат на граѓаните директно да се запознаат со надлежностите, процедурите и значењето на одлуките што ги носи Уставниот суд во заштита на човековите права и слободи, како и со улогата што ја има во правниот систем на државата.

Заинтересираните за учество на средбите можат да се пријават на електронската адреса [email protected], додека за дополнителни информации достапен е и телефонскиот број +389 2 322 3626, информираат од Уставниот суд.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo