Чиле денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 4,1 според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 116 километри, на околу 89 километри од градот Калама. Засега нема пријавено повредени лица ниту материјална штета.
Чиле се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, еден од најсеизмички активните региони во светот, каде земјотресите се честа појава поради судирот на тектонските плочи. Надлежните служби ја следат состојбата и предупредуваат на можност од појава на нови потреси.

















