ПРВ.мк
Црна Хроника

АКЦИСКА КОНТОРЛА ВО ВЕЛЕС: Малолетни лица фатени како консумирале алкохол - еве како постапила полицијата!

АКЦИСКА КОНТОРЛА ВО ВЕЛЕС: Малолетни лица фатени како консумирале алкохол - еве како постапила полицијата!
Kristal

Во ноќта меѓу 14 и 15 февруари 2026 година, во периодот од 23:00 до 01:00 часот, полициски службеници од СВР Велес спровеле засилена акциска контрола во три угостителски објекти на територијата на Велес. Акцијата била насочена кон откривање присуство на малолетници по полноќ, како и евентуално точење алкохол на лица под 18 години.

При контролата, во еден од објектите биле затекнати две малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Покрај тоа, уште пет малолетници биле пронајдени во истиот угостителски објект по 24:00 часот, што е спротивно на законските прописи кои го регулираат нивното присуство во вакви простории во доцните часови.

Со вработена во објектот бил извршен службен разговор, а сите затекнати малолетници биле предадени на нивните родители. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави против одговорните лица.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo