ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВИ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА КРИСТИЈАН: Откриено зошто завршил на психијатрија и што се случувало пред трагедијата

НОВИ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА КРИСТИЈАН: Откриено зошто завршил на психијатрија и што се случувало пред трагедијата

Нови потресни детали излегуваат на виделина за смртта на 32-годишниот хрватски спортист Кристијан Јосип Периш, кој на 21 октомври почина во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб.

Според полициската документација, семејството побарало помош поради влошување на неговата психичка состојба, по што бил пренесен во болницата.

Кога полицијата пристигнала во установата, Периш мирно седел на клупа и не покажувал агресивно однесување. Пред да влезе, на полицајците им кажал дека не сака повторно да биде врзуван и задушуван, алудирајќи на наводно лошо искуство при претходен престој.

Околу 17 часот полицијата повторно пристигнала во болницата, каде што го затекнала врзан за кревет, во зашеметена и дезориентирана состојба.

Најпотресните детали се однесуваат на видеоснимките од периодот меѓу 20:02 и 20:12 часот.

Според истражните материјали, четворица медицински техничари употребувале физичка сила врз пациентот. Се наведува дека бил притискан кон креветот, удиран и задушуван со перница, а притисокот наводно продолжил и откако престанал да дава отпор.

Неколку часа подоцна семејството било известено дека Кристијан починал.

Прелиминарната обдукција открила бројни повреди, меѓу кои скршени ребра и градна коска, крвни подливи и отоци на белите дробови и мозокот.

За неговата смрт се води истрага против четворица медицински техничари, осомничени за тешко убиство на особено ранливо лице.

Точната причина за смртта сè уште не е конечно утврдена, а се очекуваат дополнителни судско-медицински вештачења.

Најнови вести