Трагичен случај во Копаница: Жена пронајдена почината во коритото на селска чешма
Во селото Копаница, во скопскиот регион, вчера попладне било пронајдено безживотно тело на 55-годишна жителка на селото.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 17:00 часот, откако жената била забележана во коритото на селската чешма.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, каде што лекар ја констатирал смртта.
По насоки на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта. Според достапните информации, жената претходно имала здравствени проблеми.








