ПРВ.мк
Црна Хроника

МВР ИСТРАЖУВА СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ: Скопјанец завршил со тешки повреди по напад од повеќе лица - Ова се деталите

МВР ИСТРАЖУВА СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ: Скопјанец завршил со тешки повреди по напад од повеќе лица - Ова се деталите

Д.Е. (36) од скопско пријавил во полиција дека бил физички нападнат и против своја волја однесен од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:30 часот во СВР Скопје, тој пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош бил пресретнат додека се движел со патничко возило „Мерцедес“.

Во пријавата се наведува дека бил пресретнат од три возила – „Хјундаи“, „Фолксваген Тигуан“ и „Фолксваген Пасат“, управувани од лица со иницијали Р.Б., М.Б. и Б.Б.

Според неговото сведочење, едно од лицата физички го нападнало и му нанело тешки телесни повреди, по што наводно бил ставен во возило и однесен на повеќе локации, меѓу кои и автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Истрагата е во тек.

Најнови вести